Почетниците и тркачите кои сакаат кратки и брзи делници можат да уживаат во нашата најкратка патека ЛЕТНИЦА ТРЕИЛ - 22K 1100D+/-. Почнувајќи од селото Велгошти поминувате покрај прекрасниот речен кањон (следи по реката Летница) и се издигнувате горе до Висок Врв (1640 мнв), местото со најдобриот поглед над градот Охрид и Јабланица во далечината. Оттаму се спуштате низ една од најтехничките патеки на планината до брегот на езерото и целната линија.
старт: 27 МАЈ 2023, 11:00, Велгошти
должина: 22,6 km
искачување: 1,100 m D+
спуштање: 1,240 m D-
временски лимит: 6 h
освежителни станици: 2
utmb: 20K
itra: 1 поен
макс.број на учесници: 150
********
ЦЕНИ
Рана пријава: 950 ден. до 31 Окт.
Редовен рок: 1,350 ден. до 10 Мај