Оваа треил трка долга 65 километри со вкупно искачување од 3350 метри го носи името Галичица Ултра. Започнува од јужниот брег на Охридското Езеро - во иконскиот манастир Св. Наум од X век, кој е почивалиштето на Свети Наум. Тркачите тргнуваат по стрмни 20 километри во првата делница пред да ги совладаат повисоките карпести сртови на Галичица па до спуштањето по технички камењасти патеки до целта во центарот на Охрид.
старт: 27 МАЈ 2023, 07:00, Св.Наум
должина: 65,5 km
искачување: 3,360 m D+
спуштање: 3,360 m D-
временски лимит: 17 h
освежителни станици: 5
utmb: 50K
itra: 3 поени
макс.број на учесници: 60
********
ЦЕНИ
Рана пријава: 3,150 ден. до 31 Окт.
Редовен рок: 3,650 ден. до 10 Мај