Здраво на сите, јас се викам Иван Радев и сум 28 годишен ултра/треил тркач од Македонија.
Започнав со трчање во 2019 година, а следната година за првпат навлегов во планинското трчање.
Се’ започна како начин да се изгубат неколку килограми, но како што одминуваше времето стана многу повеќе од само физичка вежба, особено штом влегов во планинското трчање, истражувајќи ја помалку познатата околина, сировата убавина на природата и нејзината едноставност.
Денес моето „зошто?“ го наоѓам во секојдневниот стремеж и мотивацијата за постигнување на подобра верзија на себе, добивање на ментална чистина и градење на поцврст карактер, да бидам едно со природата, да најдам прибежиште од секојдневните потешкотии и секако заради мој личен раст.
Ултра трчањето за мене, покрај тоа што претставува најчистиот спорт, е и одличен начин да дознаете повеќе за нашата околина. Лично, мислам дека научив многу за животот воопшто преку спортот. Тоа е понизно. Го добивате она за што сте работеле и труделе.
Мојата прва ултра на Охрид Ултра-Треил во 2021 година и тоа што успеав да завршам на подиумот беше навистина наградувачко, така што таа трка секогаш ќе има посебно место во моето срце.
Уште од тој прв пат, трчањето за мене стана личен проект во кој си ветив дека ќе направам апсолутно се’ што можам за да се подобрам во перформансите.
ОУТ 2022 беше DNF за кој јас лично сум навистина благодарен.
Директната средба со мечка додека ја водев трката доведе до ментален слом поради кој се откажав од бркање на подиум и одев без мотивација до финишот. Јас немам толку искуство со планините, но оваа средба беше навистина нешто од што може да се научи.
Гледајќи наназад денес, посакувам да не се откажев толку брзо и да продолжев со трката, но во исто време ова беше ретка ситуација каде лесно можеше да увидам колку лесно целиот труд што го имаш вложено може да биде залудно потрошен доколу на трката не си ментално подготвен за сите предизвици и препреки.
ОУТ2023 ќе остане најзапаметен за мене затоа што добив шанса да се подобрам во минатите грешки, а победата беше навистина наградувачка.
Очекувајте овој спорт да биде тежок. Што и да правиме, ако сакате да ги дознаете вашите граници, мора да страдате. Не сакам да се чувствувам удобно на денот на трката. Тоа ме прави да се чувствувам како да ќе имам слаб перформанс дента. Работите од кои навистина растеме се оние кои постојано не’ удираат во забите одново и одново.
Лично, сфатив дека јас и не правам нешто друго освен трчање во моето слободно време. Мислам дека подготовката, постојаноста и слушањето на нашите тела се главните работи што на крајот ќе ни направат најголема услуга.
Навикнувањето на голема километража, многу време на нозе, балансирање на исхраната се работите за кои чувствувам дека се најважни (за мене).
Трчајте секој ден, не читајте премногу на интернет и пронајдете своја формула. Поставете си ја најголемата можна цел и работете за неа малку по малку. Не избегнувајте неуспех, сето тоа е дел од играта и ни е потребно за да се прилагодиме. А да, и немојте да бидете кукавици пред мечките ☺