Резултати во живо на ohrid.ultratrail.mk
  • ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ

  • ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ

  • ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ

ПРОГРАМА

ПОДИГНУВАЊЕ СТАРТНИ ПАКЕТИ И БРОЕВИ
Оставање дроп-бег 100К
13.05.2022, ПЕТОК, 12:00 - 22:00
АЈВАН ПЛАЖА (ВОЕНА ПЛАЖА), ПОСЛЕ МОСТОТ КАЈ КАНАЛОТ
КЛИКНИ ЗА МАПА
СТАРТ УЛТРА-ТРЕИЛ 100К 
14.05.2022, САБОТА, 00:00 полноќ
ПРЕД ЧИНАРОТ ВО ОХРИДСКАТА ЧАРШИЈА
СТАРТ ГАЛИЧИЦА УЛТРА 60К
14.05.2022, САБОТА, 07:30
МАНАСТИР СВ.НАУМ, ЉУБАНИШТА
06:00 - АВТОБУС ТРАНСФЕР ОД ОХРИД
ул. Кузман Јосифовски, спроти Општината
КЛИКНИ ЗА МАПА
СТАРТ САМОТСКА ТРЕИЛ 40К
14.05.2022, САБОТА, 09:00
КЈ МЕСТОНО, ПЕШТАНИ
07:45 - АВТОБУС ТРАНСФЕР ОД ОХРИД
ул. Кузман Јосифовски, спроти Општината
КЛИКНИ ЗА МАПА
СТАРТ ЛЕТНИЦА ТРЕИЛ 20К
14.05.2022, САБОТА, 10:30
МАНАСТИР СВ.ПЕТКА, ВЕЛГОШТИ
09:00 - АВТОБУС ТРАНСФЕР ОД ОХРИД
ул. Кузман Јосифовски, спроти Општината
КЛИКНИ ЗА МАПА
ПРВИ ФИНИШЕРИ НА СИТЕ ТРКИ
14.05.2022, САБОТА, 11:30
АЈВАН ПЛАЖА (ВОЕНА ПЛАЖА), ПОСЛЕ МОСТОТ КАЈ КАНАЛОТ
КЛИКНИ ЗА МАПА
ПРОГЛАСУВАЊЕ ПОБЕДНИЦИ @ЦЕЛТА
14.05.2022, САБОТА, 20:00
АЈВАН ПЛАЖА (ВОЕНА ПЛАЖА), ПОСЛЕ МОСТОТ КАЈ КАНАЛОТ

Охрид Ултра-Треил®
Планинско трчање меѓу езера, облаци и планини


Потопен во непрекината историја уште од античко време, градот Охрид и Охридското Езеро, регион заштитен од УНЕСКО ве покануваат на незаборавна авантура во планинско трчање во Националниот парк Галичица. Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија.
Заедничката маршрута го следи главното било во срцето на планината и Националниот Парк Галичица и преку козји патеки и макадамски патишта открива пејсажи кон двете езера Преспанското и Охридското – кои обземаат истовремено.
Трката која е носител на настанот - Охрид Ултра-Треил® е долга 100 км и започнува на полноќ низ стариот дел од Охрид, низ неколку села покрај крајбрежјето кон живописниот манастир Св.Наум.
Таму, во рана зора, започнува втората трка „Галичица Ултра“ од 66 км. Третата трка „Самотска Треил“ од 40 км ги носи учесниците од селата Пештани и Елшани горе на главниот срт каде што над градот Охрид сите трки се вркстуваат со најкратката – „Летница Треил“ 20 км – која стартува од селото Велгошти кон заедничката цел во Охрид.
Следете не' на социјалните мрежи за најнови вести. Среќен тренинг!
РЕЗУЛТАТИ 2021ПРИЈАВЕНИ УЧЕСНИЦИ 2022
Оваа брендирана техничка маица за трчање е подарок за сите учесници. Ќе има ограничена количина за продажба при подигнување на стартниот пакет по цена од 900 денари. Пишете ни на race@ohridultratrail.com за резервација.
ИНСПИРАЦИЈАТА ЗА ДИЗАЈНОТ за 2022
Годинешниот дизајн од нашиот Cheski creative studio за OHRID ULTRA-TRAIL 2022 е инспириран од сликовитите алги – дијатомеи кои живеат во сите морски и слатководни екосистеми. Поседуваат уникатен клеточен ѕид украсен со голем број на впечатливи орнаменти. Во Охридско Езеро се застапени со значаен биодиверзитет и ендемизам сведочејки за долгогодишната историја на езерото.
Затоа чувајте го езерото и уникатниот жив свет во него!
********
Благодарни сме на соработката со Македонско Дијатомолошко Друштво МДД и Институт за биологија, ПМФ, УКИМ 
ЗА ПЛАНИНСКАТА ТРКА + видео од 2021
Ако се прашувате каде да појдете на планинска трка оваа доцна пролет на Балканот, не гледајте подалеку од Охрид Ултра-Треил® во средината на мај 2022 година. Со своите 4 трки нуди уникатно искуство во планинско трчање во Македонија, комбинирајќи тешки и лесни патеки, две недопрени езера и совладување високи и изложени планински масиви.

Ohrid Ultra-Trail® со своите три успешни изданија од 2019 година, сигурно станува еден од најатрактивните ултра-трки во регионот на Балканот. Настанот е закажан од 13-ти до 15-ти мај 2022 година, а за преспанско-охридскиот регион тоа значи трчање во полно расцутена пролет и свежо време.

Сите трки на Охрид Ultra-Trail® се организирани во согласност со ITRA (International Trail Running Association) медицинските и безбедносните стандарди и на финишерите им се доделуваат квалификациски поени за UTMB®. Исто така, учесниците и организаторите го следат начелото НЕ ОСТАВАЈ ТРАГ со цел да ја заштитат уникатната природа на регионот.
ЗА УНИКАТНАТА ПРИРОДА + видео од 2020

Суперлативен природен феномен, Охридското Езеро е природна и културна област означена како светското наследство на УНЕСКО од 1979 г. Со длабочина од 300 метри, долго 34 километри и старо три милиони години, Охридското Езеро е меѓу најстарите и најдлабоките езера во Европа. Околу неговите брегови, античките населби, планинските села и славните манастири шепотат приказни кои траат повеќе од илјада години.

Од другата страна се наоѓа второто по големина езеро во нашата земја, Преспанското Езеро кое е познато по својата природна биолошка разновидност. Постојат околу 200 видови птици, од кои 104 се водни птици. Од оваа бројка, 62 видови се запишани на списокот на заштитени видови според Бернската конвенција, додека три од нив се на Европската црвена листа на глобално загрозени видови.

А во средината - „срцето“ на Охридско-Преспанскиот регион е крунисано со планината Галичица која ги дели двете големи езера. Националниот парк е дом на автохтон балкански рис и бројни други ендемични видови флора и фауна. Овде дивите и помалку газени патеки ве водат до најпрекрасните глетки во регионот.
ФОТО ГАЛЕРИЈА 2021

107км / 5000м+

100К - ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАТВОРЕНО

65км / 3350м+

60К - ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАТВОРЕНО

40км / 2000м+

40К - ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАТВОРЕНО

20км / 1000м+

20К - ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАТВОРЕНО
suncloud-uploadpicturemap-markercalendar-fullsmileclockchevron-down