Ви ја претставуваме Железната Ултра-Треил дама Перин Фаж која ќе застане на стартната линија на Охрид Ултра-Треил овој мај 2024. Таа работи веќе 10 години како правен консултант на Блискиот Исток а натпреварите во издржливост се нејзина пасија. Таа е финишер (меѓудругото) на ТОР330 и 450 - Тор де Жајантс и Глациерс, УТМБ, СвисПикс 360, бројни Ајронмени а патем го има и препливано Ла Манш.
Нејзина желба е истотака да го преплива Охридското Езеро за што ќе имаме прилика да дискутираме и планираме веќе во мај.
Здраво, се викам Перин Фаж, јас сум ултра спортист (пливање-велосипед-трчање) и авантурист со потекло од Франција. Јас сум правен советник, работам и живеам на Блискиот Исток веќе 10 години.
Почнав да трчам во 2014 година. Сакав да бидам во подобра форма за планинарење и целта ми беше да завршам маратон. Неколку месеци откако го завршив мојот прв маратон, почнав да тренирам за Ајронмен.
Со планинско трчање започнав во 2018 година, откако решив да паузирам со триатлоните по завршувањето на Хаваи Ајронмен, и решив да се фокусирам повеќе на ултра велосипедизмот и планинското трчање.
Дефинитивно пејсажите и поврзаноста со природата, елементите и планините!
Сум имала многу бидејќи најчесто учествувам на доста долги растојанија (повеќе од 100 милји). Доста интересни работи ми се случија особено кога имав голем недостаток од сон. Многу халуцинации. Еднаш за време на Тор де Глациерс бев во некаква пештера под некои карпи, зборувајќи на италијански со еден камен (јас не зборувам италијански, а овој камен во мојот ум беше кукла што претставува познат ултра тркач) . Тогаш сфатив дека зборувам со карпа и излегов надвор од оваа пештера и си го најдов патот.
Мислам на две работи: “ништо не е вечно” и дека “тешко е за секого”! Тоа помага 🙂
Прилично основни работи, јадете добро, спијте добро и слушајте го вашето тело. И ако се повредите: прифатете го, тоа не е слабост (заздравувањето ќе биде побрзо ако си ја признаете повредата).
Бидете трпеливи, планинското трчање е како луда железница, можеш да бидеш на дното, но доколку застанеш, јадеш и одмориш повторно ќе се чувствуваш подобро. Ништо не е вечно. Не се откажувајте само затоа што мислите дека не можете повеќе да продолжите. Почекајте малку и во одреден момент би требало повторно да се чувствувате подобро.