Охрид Ултра-Треил®
Трчање меѓу езера, облаци и планини

Потопен во континуирана историја уште од античките времиња, градот Охрид покрај Охридското езеро, светско наследство на УНЕСКО ве поканува на незаборавни авантури во планинско ултра-трчање во Националниот парк Галичица.

Охрид Ултра-Треил е организиран во југо-западниот крај на Македонија, во близина на границата со Албанија и Грција, на само неколку часа патување со автомобил од било кое место во нашата земја. Уникатна прилика за краток необичен одмор со висококвалитетно сместување, одлична храна и многу историски и природни места за откривање. Вистинско искуство кое не се пропушта!

Суперлативен природен феномен, Охридското Езеро е природна и културна област на светското наследство на УНЕСКО од 1979 година. Со длабочина од 300 метри, долго 34 километри и старо три милиони години, Охридското Езеро е меѓу најстарите и најдлабоките езера во Европа. Околу неговите брегови, античките населби, планинските села и славните манастири шепотат приказни кои траат повеќе од илјада години.

Од другата страна се наоѓа второто по големина езеро во нашата земја, Преспанското Езеро кое е познато по својата природна биолошка разновидност. Постојат околу 200 видови птици, од кои 104 се водни птици. Од оваа бројка, 62 видови се запишани на списокот на заштитени видови според Бернската конвенција, додека три од нив се на Европската црвена листа на глобално загрозени видови.

А во средината се наоѓа „срцето“ на охридскиот и преспанскиот регион крунисано со планината Галичица која ги дели двете големи езера. Националниот парк е дом на автохтон балкански рис и бројни други ендемични флора и фауна. Овде, дивите и малку талканите патеки ве водат до најпрекрасните глетки во регионот.

Сите трки на Охрид Ultra-Trail® се организирани во согласност со ITRA (International Trail Running Association) медицинските и безбедносните стандари а финишерите добиваат UTMB Index за UTMB® (Ultra Trail du Mont Blanc). Исто така, учесниците и организаторите го следат начелата на ITRA Green Commitment со цел да ја заштитат уникатната природа во регионот.
Следете не’ на социјалните мрежи за редовни вести. Среќни тренинзи!

Premium Sponsor

Official Sponsor

Partners

Collaborators

Organizer

JOIN US ON STRAVA

Ohrid Ultra-Trail® 

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
- 0038970997348
envelopephone-handsetchevron-down-circle
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram