Изминатите 6 интересни тркачки години на патеките на Охрид Ултра-Треил и Галичица се поставија некои феноменални резултати. Од Kнигата на Рекордите
ќе ги издвоиме најдобрите и се надевамне дека тоа ќе те мотивира и поттикне за твој подобар перформанс на овогодинешното 7мо издание.
Рецепт за рекорд во 3 чекори - Димитар Илиев 2022-2023-2024
Резултатскиот напредок во настапите на Димитар Илиев на Самотска Треил е достоен за симнување на капа!
👉 2022: Првиот настап на Самотска Треил 40К (38К поради временски услови) – 8-ма позиција – 4:53:04
👉 2023: Вице-шампион – 2-ра позиција (40К) – 4:33:38 ⏳ (повеќе за 20 минути)
👉Круната на Самотска во машка конкуренција тој ја достигнува во неговиот трет обид во 2024 година кога од Пештани преку врвот Чумо Влага, Асан Џура, Летница, Висок Врв и Велестово тој финишира со рекордно време од 4:10:54 и 691 ИТРА Поени.
Неговиот резултат на оваа патека ќе остане најдобар во записите на нашата Книга на Рекорди бидејќи трката Самотска Треил 42К во 2025 година ќе добие комплетно нова рута на која ќе се поставуваат рекорди!
Дали си ти вака упорен и фокусиран во твоите настапи!?
Дали можеш да го стигнеш Димитар?
Излези и дознај!