Иван Радев @Lavaredo Ultra-Trail 2023

OUT 2024 #Runnersstories Иван Радев - Македонија

Ви треба мотивација да продолжите со планинско трчање оваа зима? Бидете инспирирани и придружете се на Иван Радев на стартната линија на следното издание на Охрид Ултра-Треил во мај 2024 година.

ОУТ: Те молиме претстави се пред нашите следачи.

Здраво на сите, јас се викам Иван Радев и сум 28 годишен ултра/треил тркач од Македонија.

ОУТ: Од кога трчаш на планина и зошто?

Започнав со трчање во 2019 година, а следната година за првпат навлегов во планинското трчање. 

Се’ започна како начин да се изгубат неколку килограми, но како што одминуваше времето стана многу повеќе од само физичка вежба, особено штом влегов во планинското трчање, истражувајќи ја помалку познатата околина, сировата убавина на природата и нејзината едноставност.

Денес моето „зошто?“ го наоѓам во секојдневниот стремеж и мотивацијата за постигнување на подобра верзија на себе, добивање на ментална чистина и градење на поцврст карактер, да бидам едно со природата, да најдам прибежиште од секојдневните потешкотии и секако заради мој личен раст. 

ОУТ: Во што најмногу уживаш во планинското трчање?

Ултра трчањето за мене, покрај тоа што претставува најчистиот спорт, е и одличен начин да дознаете повеќе за нашата околина. Лично, мислам дека научив многу за животот воопшто преку спортот. Тоа е понизно. Го добивате она за што сте работеле и труделе.

Иван Радев @Lavaredo Ultra-Trail 2023

OUT: Дали имаш незаборавно искуство/приказна за планинското трчање да ја споделиш со нас? (или раскажи ни за твоето најголемо достигнување)

Мојата прва ултра на Охрид Ултра-Треил во 2021 година и тоа што успеав да завршам на подиумот беше навистина наградувачко, така што таа трка секогаш ќе има посебно место во моето срце.

Уште од тој прв пат, трчањето за мене стана личен проект во кој си ветив дека ќе направам апсолутно се’ што можам за да се подобрам во перформансите. 

ОУТ 2022 беше DNF за кој јас лично сум навистина благодарен.

Директната средба со мечка додека ја водев трката доведе до ментален слом поради кој се откажав од бркање на подиум и одев без мотивација до финишот. Јас немам толку искуство со планините, но оваа средба беше навистина нешто од што може да се научи. 

Гледајќи наназад денес, посакувам да не се откажев толку брзо и да продолжев со трката, но во исто време ова беше ретка ситуација каде лесно можеше да увидам колку лесно целиот труд што го имаш вложено може да биде залудно потрошен доколу на трката не си ментално подготвен за сите предизвици и препреки. 

ОУТ2023  ќе остане најзапаметен за мене затоа што добив шанса да се подобрам во минатите грешки, а победата беше навистина наградувачка.

ОУТ: Како остануваш мотивиран кога работите стануваат тешки?

Очекувајте овој спорт да биде тежок. Што и да правиме, ако сакате да ги дознаете вашите граници, мора да страдате. Не сакам да се чувствувам удобно на денот на трката. Тоа ме прави да се чувствувам како да ќе имам слаб перформанс дента. Работите од кои навистина растеме се оние кои постојано не’ удираат во забите одново и одново.

ОУТ: Кои се твоите најдобри три „мали нешта“ што ги правиш за да спречиш повреда?

Лично, сфатив дека јас и не правам нешто друго освен трчање во моето слободно време. Мислам дека подготовката, постојаноста и слушањето на нашите тела се главните работи што на крајот ќе ни направат најголема услуга.

Навикнувањето на голема километража, многу време на нозе, балансирање на исхраната се работите за кои чувствувам дека се најважни (за мене).

ОУТ: Кога би можел да им дадеш еден совет на помалку искусните тркачи на патека, кој би бил тој?

Трчајте секој ден, не читајте премногу на интернет и пронајдете своја формула. Поставете си ја најголемата можна цел и работете за неа малку по малку. Не избегнувајте неуспех, сето тоа е дел од играта и ни е потребно за да се  прилагодиме. А да, и немојте да бидете кукавици пред мечките ☺

Иван Радев @Ohrid Ultra-Trail 2022

Premium Sponsor

Official Sponsor

Partners

Collaborators

Organizer

JOIN US ON STRAVA

Ohrid Ultra-Trail® 

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
- 0038970997348
envelopephone-handsetchevron-down-circle
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram