Потопен во непрекината историја уште од античко време, градот Охрид и Охридското Езеро, регион заштитен од УНЕСКО ве покануваат на незаборавна авантура во планинско трчање во Националниот парк Галичица. Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија.
Заедничката маршрута го следи главното било во срцето на планината и Националниот Парк Галичица и преку козји патеки и макадамски патишта открива пејсажи кон двете езера Преспанското и Охридското – кои обземаат истовремено.
Трката која е носител на настанот - Охрид Ултра-Треил® е долга 100 км и започнува на полноќ низ стариот дел од Охрид, низ неколку села покрај крајбрежјето кон живописниот манастир Св.Наум.
Таму, во рана зора, започнува втората трка „Галичица Ултра“ од 66 км. Третата трка „Самотска Треил“ од 40 км ги носи учесниците од селата Пештани и Елшани горе на главниот срт каде што над градот Охрид сите трки се вркстуваат со најкратката – „Летница Треил“ 20 км – која стартува од селото Велгошти кон заедничката цел во Охрид.
Следете не' на социјалните мрежи за најнови вести. Среќен тренинг!
Оваа брендирана техничка маица за трчање е подарок за сите учесници. Ќе има ограничена количина за продажба при подигнување на стартниот пакет по цена од 900 денари. Пишете ни на race@ohridultratrail.com за резервација.