Изминатите 6 интересни тркачки години на патеките на Охрид Ултра-Треил и Галичица се поставија некои феноменални резултати. Од Kнигата на Рекордите
ќе ги издвоиме најдобрите и се надевамне дека тоа ќе те мотивира и поттикне за твој подобар перформанс на овогодинешното 7мо издание.
👉🏻Самотска Треил Маратон во нејзините 4 изданија од 2021 до 2024 година се одвиваше на трасата Пештани-Елшани-Чумо Влага-Асан Џура-Летница- Велестово-Охрид а на истата патека ја имаме Алена Пабортсава од Белорусија која во 2023 година го постави женскиот рекорд.
❕Во неверојатен перформанс, со само 10 минути заостанување од првопласираниот Уран Ахмети, на петтата позиција во генерален пласман и секако прва од жените заврши Алена поставувајќи го женскиот рекорд на оваа патека со време од 4:43:44 и 611 ИТРА поени.💪
Од 2025 година трасата на Самотска Треил ќе биде комплетно нова, така што очекуваме интересен натпревар од Свети Наум до финишот во Охрид.
🏃♀️Дали можеш да ја стигнеш Алена?
Излези и дознај!