Возрасните женски единки на видот Европска јагула (Anguilla anguilla) живеат и до дваесет години во водите на Охридското Езеро додека не достигнат полна зрелост. Тогаш тие се упатуваат на нивното животно патешествие по течението на реката Дрим. Пред нивната миграција женската јагула започнува процес на метаморфоза со што нејзиниот дигестивен систем започнува да атрофира..
На влиот на реката Дрим во Јадранското море, во солените води тие се пречекани од машките јагули каде се парат а потоа женските јагули го продолжуваат повеќемесечното ултра патување кое е во должина од над 5000 километри до топлите води на Саргасовото море каде тие се мрестат на длабочина од 500 до 800 метри.
Женските јагули поминуваат неверојатни бариери за да достигнат до оваа локација за мрестење која е повеќе од 5000 километри подалеку од местото на тргнување и со нивната упорност и издржливост пркосат на сите препреки.
Во Саргасовото Море кое се наоѓа во Атлантскиот Океан (близу Северена Америка) женските јагули го завршуваат својот животен пат, се мрестат и умираат. Од икрите се изнесуваат мали јагули кои заедно со Голфските струи се упатуваат на патување назад кон “почетокот”! Се уште никој не знае како малите јагули се ориентираат и успеваат да го најдат патот назад кон Охридското езро?
Низ патувањето тие повторно минуваат низ процеси на метаморфоза, се транформираат низ стаклестата фаза и повторно доаѓаат до устието на реката Дрим. Од таму, машите единки остануваат и во овие мешани слатко-солени води ги чекаат женските единки кои продолжуваат до Охридското езеро, достигнуваат полова зрелост и после цели 20 години се враќаат кон своите партнери.
Европската (Охридска) Јагула веќе долг период се наоѓа на листата на критично загрозени животни според IUCN, а нејзиниот опстанок пркоси поради неверојатните природни карактеристики на издржливост и упорност кои впрочем се скриени и во секој од нас.Ова е неверојатната приказна за охридската Ултра Јагула!
----
Оваа година одбравме токму јагулата да биде носечки симбол на нашето заедничко патување низ неверојатната природа на Националниот Парк Галичица.Секој тркач на ОУТ 2024 ќе добие техничка маичка за трчање дизајнирана од Чески и изработена локално од Реморкер таг. Пријавувањето е се уште отворено!