Изминатите 6 интересни тркачки години на патеките на Охрид Ултра-Треил и Галичица се поставија некои феноменални резултати. Од Kнигата на Рекордите
ќе ги издвоиме најдобрите и се надевамне дека тоа ќе те мотивира и поттикне за твој подобар перформанс на овогодинешното 7мо издание.
Ако во портфолиото на вашите трки го имате истрчано Спартатлон (и тоа два пати), тогаш дефинитивно вие поседувате вистински ултрашки дух, карактeр и одлучност кои може да ги отклучат и најтешките загатки на ултра трчањето.
Токму нашата Ултра-Кралица Катерина Шиповиќ, која е прв и единствен македонски финишер на дистанцата од 265 километри од Атина до Спарта (во 2022 и 2024 година) – ја имаме како женски рекордер на Охрид Ултра-Треил 107К.
Со време од 17:51:38 и 572 ИТРА Поени, Кате ја реши загатката на нашата најдолга дистанца во 2023 година, кога заврши на солидната седма позиција во генерален пласман.
П.С. Катерина го држи и националниот рекорд на ултрамаратонската дисциплина на 24 часа со 211 километри!
Дали си доволно посветен во своите тренинзи како Кате?
Излези и дознај!