Драги тркачи,
Заокружуваме уште една феноменална година од тркачки аспект во која секој од нас измина многу километри во планините, искачи прекрасни врвови и глетки, ги надмина своите лични граници и уживаше во благодетите кои планинското трчање ги нуди.
Охрид Ултра-Треил како настан го прослави 6то издание кое понуди авантуристички треил предизвик и себенадминување на сите вас кои бевте доволно храбри и одлучни да тренирате, да се пријавите, застанете на стартните линии и да ги истрчате патеките на Галичица.
Да се потсетиме како поминавме во 2024 преку ова прекрасно видео:
А тука уживајте во фотките од настанот:
За следната 2025 година може да се пријавите на нашиот вебсајт, а овој пат може да изберете една од 5 трки на репертоарот!
Имајте среќна нова година и празници!
Ваш,
ОУТ Тим