Следно во нашите #RunnersStories разговараме со специјалистот за кратки патеки кои ни доаѓа од Кочани - Златко Николов. Неговиот одличен прогрес во последните години и многуте подиуми на трките беа доволен мотив да го поканиме на ова кратко интервју и да биде дел од фаворитите на ОУТ2024 - овојпат на Самотска 40К
Здраво на сите јас сум Златко Николов имам 35 години и доаѓам од Кочани Македонија.
Со планинско трчање почнав да се занимавам активно од 2018 па се до денес. Специјалност ми се кратките дистанци до 30 км.
Во планинското трчање најмногу уживам во погледите на далечина или кога сум опкружен со високи дрвја околу мене, тоа ме најмногу исполнува.
Моите најголеми достигнувања се тоа што имам освоено неколку пиедестали на трките во Македонија, меѓу кои прво место 2023 на Охрид Ултра-Треил на 22 км која ми е меѓу најдрагите.
Кога работите стануваат тешки обично се фокусирам на финишот и на моментите откако ќе ја поминам финиш линијата.
Најдобри нешта за се спречам повреди се секако добриот одмор и не-форсирањето на тренинзите.
Совет кој може да да го дадам на помалку искусните е да си го слушаат телото така секогаш ќе можат да напредуваат.