Откако Малта стана мала за неговите авантури и трчање, Ники се префрли во Салцбург, поблиску до големите планини и патеки, а оваа година избра да трча на 100K на OUT откако се сретна со нас во Истра. Проверете ги неговите инспиративни одговори и совети за нашиот спорт, како тој стана претставник на Бакјард Ултра на Малта и кој е неговиот главен мотив да се занимава со трчање ултра.
Здраво на сите! Јас сум Ники Микалеф (@niki.runs), по потекло од Малта, но сега живеам во Салцбург Австрија. Мојата професија е во доменот на развој на софтвери, но поголемиот дел од слободното време го поминувам трчајќи во природа и на планините овде во Салцбург.
Почнав да трчам на крајот на 2017 година со цел да бидам пофит и поздрав, но тоа брзо се претвори во нешто многу поголемо. Почнав да трчам на кратки растојанија на асфалт, но брзо преминав на трчање долги растојанија на треил. На крајот, Малта стана мала за далечините и авантурите што сакав да ги направам, па се преселив во Салцбург за да имам поголем пристап до планините.
Не сум сигурен зошто трчам...понекогаш велам „затоа што можам“, но не сум сигурен дека тој опис целосно го дава одговорот на прашањето - зошто трчам. Моите пријатели велат дека сум прилично конкурентна личност и кога правам нешто навистина сакам да се наметнам и да одам колку што можам во таа дисциплина, па претпоставувам дека треилот и ултра трчањето навистина се совпаѓаат со таа карактерна особина.
Сепак, чувствувам дека целта на моето патување со трчање е да дадам инспирација, да им послужам како пример на другите луѓе и да им помогнам да се истакнат во сопствените патувања, без оглед на тоа какви се. Сите ние можеме да направиме многу повеќе отколку што мислиме дека можеме и понекогаш сè што ни треба е некој со кој се поврзуваме, кој ќе ни помогне да го отклучиме нашиот потенцијал, и се надевам дека ќе можам да бидам таа личност за луѓето околу мене.
Планинското трчање ми овозможува да се дистанцирам од хаосот и стресот на секојдневниот живот. Да се биде на патеките, опкружен со дрвја, сонце и животни, ми овозможува да се опуштам и да го оставам мојот ум да талка. Мирното опкружување ми помага да размислувам за проблемите на рационален начин и да дојдам до решенија за кои не би можел да мислам додека сум опкружен со постојани нарушувања. Тоа е мојот метод на медијација, само што медитирам додека се движам.
Моето најголемо лично достигнување претставувањето на Малта на Светското првенство во 2023 година во Backyard Ultra во Тенеси, домот на озлогласениот Лазарус Лаке (Lazarus Lake). Никогаш не би помислил дека ќе ја претставувам мојата земја на кое било ниво, а камоли на Светско првенство, па затоа сум многу задоволен што можев да ја имам оваа можност. Дополнително, трчањето заедно со некои од најдобрите во нашиот спорт како Харви Луис и Клер Банварт, заедно со други тркачи од секој агол на светот, е искуство што секогаш ќе го ценам.
Сепак, она на што сум најгорд е тоа што им служам како пример на другите луѓе во нивното фитнес достигнување. На првиот Backyard Ultra настан во Малта разговарав со многу тркачи кои го завршуваа својот прв полумаратон, цел маратон итн. и со текот на годините овие луѓе земаа инспирација од она што јас можев да го направам за да ги поместат нивните граници и да трчаат подалеку отколку што некогаш мислеле дека можат. Иако ми е убаво да видам колку далеку можам јас лично да го туркам своето тело, тоа што може да видам дека сите околу мене се мотивираат надвор од она што мислеа дека е возможно и успеваат, ми дава многу поголемо задоволство од кое било лично достигнување.
Јас сум личност која е ориентирана кон цели, па секогаш кога поминувам низ тежок период се сеќавам дека тоа што нема да ја постигнам целта ќе ме повреди повеќе отколку што и да ме нервира во моментот.
Со цел да се подготвам за евентуалните тешки времиња, намерно поминувам одредено време и тренинг во незгодни услови; било да е тоа поради лошото време, монотоната рута, па некогаш и едноставно се туркам да трчам долги дистанци и кога не сум мотивиран да го сторам тоа. Кога ќе стане тешко, тогаш можам да се осврнам на овие искуства знаејќи дека поминав низ исто толку лоши делници за време на тренингот што ми дава доверба да знам дека можам да ја поминам и оваа ниска точка.
Јас цврсто верувам дека потребно е да се фокусираме на основите, тоа за мене значи правилен сон и добро исхрана. Добро познат сум меѓу моето семејство и пријатели по тоа што спијам најмалку 9 часа и јадам квалитетна храна, што е основа за да се заштитам себеси од повреди. Конечно, мојот последен совет е дека откако го пишувам мојот сопствен тренинг план, се грижам да го структурирам на начин каде што ќе имам соодветно време да се одморам и опоравувам и да не се претренирам.
Клучот за добрата форма е конзистентноста, а не единечните големи долги тренинзи кои се проследени со денови или недели одмор. Ова значи дека иако напорните тренинзи и долгите трчања се добри, фокусот треба да биде на вашето здравје, да се трудите да останете без повреди за да можете повторно да излезете и да вежбате. Јас би предложил да направите чекор наназад и да го погледнете вашиот тренинг во текот на месеци и години наместо денови и недели бидејќи неколку дена закрепнување всушност може да бидат најдобриот избор за долгорочно подобрување и долговечност во спортот.