Перин Фаж

OUT 2024 #Runnersstories Перин Фаж - Саудиска Арабија

Ви ја претставуваме Железната Ултра-Треил дама Перин Фаж која ќе застане на стартната линија на Охрид Ултра-Треил овој мај 2024. Таа работи веќе 10 години како правен консултант на Блискиот Исток а натпреварите во издржливост се нејзина пасија. Таа е финишер (меѓудругото) на ТОР330 и 450 - Тор де Жајантс и Глациерс, УТМБ, СвисПикс 360, бројни Ајронмени а патем го има и препливано Ла Манш. 

Нејзина желба е истотака да го преплива Охридското Езеро за што ќе имаме прилика да дискутираме и планираме веќе во мај.


ОУТ: Те молиме претстави се пред нашите следачи.

Здраво, се викам Перин Фаж, јас сум ултра спортист (пливање-велосипед-трчање) и авантурист со потекло од Франција. Јас сум правен советник, работам и живеам на Блискиот Исток веќе 10 години.

ОУТ: Од кога трчаш на планина и зошто?

Почнав да трчам во 2014 година. Сакав да бидам во подобра форма за планинарење и целта ми беше да завршам маратон. Неколку месеци откако го завршив мојот прв маратон, почнав да тренирам за Ајронмен.

Со планинско трчање започнав во 2018 година, откако решив да паузирам со триатлоните по завршувањето на Хаваи Ајронмен, и решив да се фокусирам повеќе на ултра велосипедизмот и планинското трчање.

ОУТ: Во што најмногу уживаш во планинското трчање?

Дефинитивно пејсажите и поврзаноста со природата, елементите и планините!

OUT: Дали имаш незаборавно искуство/приказна за планинското трчање да ја споделиш со нас? (или раскажи ни за твоето најголемо достигнување)

Сум имала многу бидејќи најчесто учествувам на доста долги растојанија (повеќе од 100 милји). Доста интересни работи ми се случија особено кога имав голем недостаток од сон. Многу халуцинации. Еднаш за време на Тор де Глациерс бев во некаква пештера под некои карпи, зборувајќи на италијански со еден камен (јас не зборувам италијански, а овој камен во мојот ум беше кукла што претставува познат ултра тркач) . Тогаш сфатив дека зборувам со карпа и излегов надвор од оваа пештера и си го најдов патот.

ОУТ: Како остануваш мотивиран кога работите стануваат тешки?

Мислам на две работи: “ништо не е вечно” и дека “тешко е за секого”! Тоа помага 🙂

ОУТ: Кои се твоите најдобри три „мали нешта“ што ги правиш за да спречиш повреда?

Прилично основни работи, јадете добро, спијте добро и слушајте го вашето тело. И ако се повредите: прифатете го, тоа не е слабост (заздравувањето ќе биде побрзо ако си ја признаете повредата).

ОУТ: Кога би можел да им дадеш еден совет на помалку искусните тркачи на патека, кој би бил тој?

Бидете трпеливи, планинското трчање е како луда железница, можеш да бидеш на дното, но доколку застанеш, јадеш и одмориш повторно ќе се чувствуваш подобро. Ништо не е вечно. Не се откажувајте само затоа што мислите дека не можете повеќе да продолжите. Почекајте малку и во одреден момент би требало повторно да се чувствувате подобро.

Перин Фаж

Premium Sponsor

Official Sponsor

Partners

Collaborators

Organizer

JOIN US ON STRAVA

Ohrid Ultra-Trail® 

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
- 0038970997348
envelopephone-handsetchevron-down-circle
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram