Вести

Добијте ги најновите вести и ажурирања за учесниците, организацијата и настанот воопшто.

Кликнете на секоја објава за да прочитате повеќе.

април 20, 2023
Истра 100

Годинава го претставивме нашиот настан на трката Istria100 by UTMB - најпопуларната регионална ултра трка. Нашите претставници Игор Јовановски и Александар Булески пристигнаа на 13 април во Умаг, Хрватска и веднаш започнаа со пријавување и поставување на штандот ОУТ во спортската сала каде беа доделени и БИБ бројките од 100 Милји Истра.

април 10, 2023
Кеисуке Минами

Многу видов и слушав халуцинации кога се обидов да ги преминам јапонските Алпи (Северни, Средни, Јужни) 415 km 27000m±D. Бев многу трогнат кога од последниот дел на Јужните Алпи, видов мал поглед на Северните Алпи, кој го имав поминато 4 дена претходно.

март 22, 2023
Елена Ртоска

За мене, планинското трчање нуди шанса да избегам од метежот и вревата на секојдневието и да се поврзам со природата. Не се работи само за физичките придобивки, иако тие се секако важни. Станува збор и за менталните и емоционалните придобивки од поминувањето време на отворено и доживувањето на убавината на планините. Така накратко, трчам затоа што тоа е добро за моето тело, ум и душа.

март 14, 2023
Константинос Јанопулос

Уживам во погледот од врвот на планините кога трчам! Има толку многу спомени во мојот ум. Секако едно од тоа, тоа беше моето последно учество и воедно победа на трката Охрид Ултра Треил 100К!

март 11, 2023
Асимина Инглезу

Чувствувам слобода и ја сакам осаменоста што ја чувствувам на планините, трчајќи по козјите патеки. Преку планинското трчање ја чувствувам авантурата; целата работа не ви дозволува да се оладите. Размислувам за реалниот живот, колку тешко се борев сите овие години, па борбата за време на трка на крајот на краиштата се чини смешна.

февруари 28, 2023
Гњевомир Скшисињски

Едноставно, сакам време да поминам во планина или на козја патека, во шума. Да бидам сам само со мојот ум, моите чувства, моето тело и сета оваа прекрасна природа околу мене. За време на трката, среќен сум што сум покрај толку многу големи човечки суштества. Трчањето ми дава можност да истражувам.

февруари 26, 2023
Магда Чејкова

Поголем проблем ми е да најдам мотив да бидам смирена 🙂 Спортот ме исполнува (напојува). Трчам за забава. Експериментирам со планови за тренинг со Echis Carinatus во последните три години. Но, јас се обидувам да ги прилагодам за да биде забавно. Трчам во природа наместо на асвалт, или некако го „гејмифицирам“ моето трчање.

февруари 22, 2023
Зелени патеки на иднината

Изминатиот викенд на 18 и 19 февруари 2023 година во Скопје се одржа иницијалниот состанок на работната група на проектот - Green Trails of Future - Зелени Патеки на Иднината - чија главна цел ќе биде привлекување и вклучување на адолесценти во спортовите во природа - главно во планинското трчање.

февруари 22, 2023
Алин Цирдеи

Во планинското трчање најмногу уживам во слободата. На планините се чувствувам незапирливо.
Верувајте во процесот! Нема да бидете побрзи и посилни од ден на ден. Природно е да имате тешки денови, а тие денови не ве прават послаби, туку ќе ве направат посилни. Бидете доследни и имајте трпение!

февруари 22, 2023
Филаретос Букис

Во што најмногу уживам во планинското трчање? Тешкиот терен, или теренските промени, а тие магични слики што ви ги нудат планините се најдоброто задоволство во кое уживате во секој момент.
За да останам мотивиран кога ќе стане тешко, верувам дека со трпение сите проблеми се решаваат

Supported by

Sponsors

Partners

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
-
envelopephone-handset linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram