Магдалена Чејкова

#Runnersstories #TrailRunningMotivation

Ви треба мотивација да продолжите да трчате во планина? Прочитајте ја приказната за Магда и бидете инспирирани за да ѝ се придружите на стартната линија на Охрид Ултра-Треил 2023!

ОУТ: Те молиме претстави се пред нашите следачи.
МЧ: Здраво, јас сум чешки хоби тркач (така се вика мојот клуб) и љубителка на планини со страст за трчање и качување. Се занимавам со спорт како забава и компензација за мојата работа (аналитичар на податоци).

ОУТ: Колку долго трчаш? (зошто трчаш)
МЧ: Со атлетика се занимавам од својата шеста година. Но, порано вежбав скок во височина и скок во далечина :-) Почнав да трчам повеќе, на факултет, како релаксација помеѓу работа и училиште. Растојанието од пет до сто километри дојдоа некако сами како што преземав се повеќе и повеќе предизвици :-)

ОУТ: Во што најмногу уживаш во планинското трчање?
МЧ: Сакам да комбинирам трчање со истражување на нови места, особено планини. Не сум љубител на бавно одење. Претпочитам да трчам и да истражувам нови места. Без разлика дали во Чешка или во странство. Без разлика дали тоа е како трка или за време на годишен одмор. На пример, поминувајќи ги Пиринеите, Азорските Острови, Чешките планини... Во последниве години почнав со качување по карпи и планинарење. Иако сè уште сум почетник.

ОУТ: Дали имаш незаборавно искуство/приказна за планинското трчање да ја споделиш со нас? (или раскажи ни за твоето најголемо достигнување)
МЧ: Кога ќе размислам, моите најдобри спомени се двојни. Првите се поврзуваат со носталгичното и романтичното расположение на планинските трки, особено кога ноќта во ден се претвора и завршувате ултра-трка. Чувството да се гледа изгрејсонцето и да се бара целта е неверојатно. Другите спомени се повеќе поврзани со негативни чувства и лошо време. Можам само да препорачам на ултра-трки секогаш да земате вазелин во ранец :-)

ОУТ: Како остануваш мотивиран кога работите стануваат тешки?
МЧ: Поголем проблем ми е да најдам мотив да бидам смирена :-) Спортот ме исполнува (напојува). Трчам за забава. Експериментирам со планови за тренинг со Echis Carinatus во последните три години. Но, јас се обидувам да ги прилагодам за да биде забавно. Трчам во природа наместо на асвалт, или некако го „гејмифицирам“ моето трчање.

ОУТ: Кои се твоите најдобри три „мали нешта“ што ги правиш за да спречиш повреда?
МЧ: Кога чувствувам болка додека трчам, некое време менувам спорт. Прилагодливи чорапи. И јас се потпирам на класичен валјак и истегнување. 

ОУТ: Кога би можел да им дадеш само еден совет на помалку искусните тркачи, кој би бил тој?
МЧ: Не сум сигурна дека имам „стаж“ за да давам совети, но би препорачала да останете понизни, трпеливи и да бидете свесни за сопственото тело. Сè си бара свое време. „Ако не можеш нешто, направи го двојно повеќе“ е убаво мото, но кратковидно. И јас го поминав тој ентузијастички период :-)

Магда имаше неверојатна приказна за споделување и дефинитивно многу корисни совети. Доколку сакате да видите и слушнете повеќе од неа, слободно проверете го нејзиниот ITRA profile , заследете ја на Facebook и Instagram

photos credits: Canofotosports

Premium Sponsor

Official Sponsor

Partners

Collaborators

Organizer

JOIN US ON STRAVA

Ohrid Ultra-Trail® 

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
- 0038970997348
envelopephone-handsetchevron-down-circle
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram