Потопен во континуирана историја уште од античките времиња, градот Охрид покрај Охридското езеро, светско наследство на УНЕСКО ве поканува на незаборавни авантури во планинско ултра-трчање во Националниот парк Галичица.
Охрид Ултра-Треил е организиран во југо-западниот крај на Македонија, во близина на границата со Албанија и Грција, на само неколку часа патување со автомобил од било кое место во нашата земја. Одлична организација на трката по меѓународни стандарди, сите волонтери имаат неколку годишно искуство во приредување безбеден и забавен спортски натпревар на отворено.
Уникатна прилика за краток необичен одмор со висококвалитетно ниско сместување, одлична храна и многу историски и природни места за откривање. Вистинско искуство кое не се пропушта!
Суперлативен природен феномен, Охридското Езеро е природна и културна област на светското наследство на УНЕСКО од 1979 г. Со длабочина од 300 метри, долго 34 километри и старо три милиони години, Охридското Езеро е меѓу најстарите и најдлабоките езера во Европа. Околу неговите брегови, античките населби, планинските села и славните манастири шепотат приказни кои траат повеќе од илјада години.
Од другата страна се наоѓа второто по големина езеро во нашата земја, Преспанското Езеро кое е познато по својата природна биолошка разновидност. Постојат околу 200 видови птици, од кои 104 се водни птици. Од оваа бројка, 62 видови се запишани на списокот на заштитени видови според Бернската конвенција, додека три од нив се на Европската црвена листа на глобално загрозени видови.
А во средината е „срцето“ на Охридско и Преспанско езеро, крунисано со планината Галичица која ги дели двете големи езера. Националниот парк е дом на автохтон балкански рис и бројни други ендемични флора и фауна. Овде дивите и малку талканите патеки ве водат до најпрекрасните глетки во регионот. Следното 5-то издание на настанот е закажано на 27 мај 2023 година, одлична можност со растојанија до 100 километри во пролетно време да се подготвите за напорните летни ултра-трки.
Следете не на социјалните мрежи за редовни вести. Happy Trails!