САМОТСКА ТРЕИЛ МАРАТОН

40Km / 2000D+

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАТВОРЕНО
СПОРТИСТИ СО СОЛИДНО ФИТНЕС НИВО И ВО ДОБРА ТРЧАЧКА ФОРМА ЌЕ УЖИВААТ ВО ОВАА СРЕДНО-ЛЕСНА ПЛАНИНСКА ТРКА.

40K ВОВЕД

Самотска Треил Маратон - 40K 2000D+/- е планинска трка со средно ниво на тежина. Експлозивни и стрмни почетни 8 километри ќе ве издигнат над Охридското и Преспанското Езеро каде погледот на проѕирните водни тела се распрснува во мозаикот од ридови, долини и рамнини... Патеката наменета за брзо трчање врви низ повисоките карпести сртови на Галичица пред да се спуштите до целта во центарот на градот Охрид.
старт: 27 МАЈ 2023, 09:00, Пештани
должина: 40,5 km
искачување: 1,950 m D+
спуштање: 1,950 m D-
временски лимит: 10 h
освежителни станици: 3
utmb: 50K
itra: 2 поена
макс.број на учесници: 80

********
ЦЕНИ
Рана пријава: 1,750 ден. до 31 Окт.
Редовен рок: 2,250 ден. до 10 Мај

ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ

ЧПП

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ
* Секој учесник се натпреварува на своја одговорност.
* Со плаќање на котизацијата, учесниците ги прифаќаат условите и се согласуваат да учествуваат на сопствен ризик.
* Тркачите мора да бидат во добра физичка форма.
* Трката ќе се одржи во сите временски услови, освен ако не е загрозена безбедноста на тркачите (екстремно невреме како во изданието од 2022 година). Во таков случај, организацискиот тим ќе одлучи за алтернативна патека, алтернативни делови од патеката или целосно откажување на трката.
* Поради тешкотијата на трката, тркачите помлади од 18 години не можат да учествуваат на растојанијата од 40, 60 и 100 километри.
* Патеката ќе биде добро маркирана (исклучиво црвени знамиња во природа, лента за обележување во урбаните средини, патокази на раскрсници...). Волонтерите на трката ќе бидат присутни на клучните точки со цел да ги насочат тркачите.
* Организаторот не прифаќа одговорност за каква било штета или повреда направена од натпреварувачите врз себе, на други натпреварувачи или на трети лица.
* Организаторот не прифаќа одговорност за било каква штета направена на опремата за трчање за време на трката.
* Доколку недостасува маркација на некои делови на патеката, тркачите треба да го пријават тоа на најблиската контролна точка.
* Сите тркачи мора да ја носат со себе и/или на себе задолжителната опрема.
* Сите тркачи мора да ја следат маркираната патека. Секое користење на кратенки и излегување од означената патека ќе биде соодветно казнето. Во случај да не видите маркација на маршрутата повеќе од 200 метри, вратете се на последното обележување и повторно проверете пред да продолжите.
* Организаторот го задржува правото за промена на рутите.
* Со пријавувањето дозволувате обработка на вашите податоци во базите на податоци на TREX и Ohrid Ultra-Trail.
* Кликнете тука да ги прочитатe ПРАВИЛАТА И ПРОПИСИТЕ во целост
СТАРТНИНА И ПОПУСТИ
РАНА ПРИЈАВА ПОПУСТ (01.10.2022 - 31.10.2022)
Охрид Ултра-Треил® 100K - 4,350 ден.
Галичица Ултра 60K - 3,150 ден.
Самотска Треил Маратон 40K - 1,750 ден.
Летница Треил 20K - 950 ден.

РЕДОВНИ ЦЕНИ (01.11.2022 - 10.05.2023)
Охрид Ултра-Треил® 100K - 4,950 ден.
Галичица Ултра 60K - 3,650 ден.
Самотска Треил Маратон 40K - 2,250 ден.
Летница Треил 20K - 1,350 ден.

ПОПУСТИ:
* Групно пријавување / клубски попуст (минимален број на учесници - 5) според цените од РАНА ПРИЈАВА.
* БЕСПЛАТНО – Подиуми од сите ОУТ трки-дистанци во генерален пласман од 2022.
* БЕСПЛАТНО – Натпреварувачи со ITRA Performance Index поголем од 730 (мажи) и 575 (жени) или Национални
атлетски шампиони или Олимпијци.
* БЕСПЛАТНО – Туристички промотори и/или влијателни членови (инфлуенсери) на атлетската или
авантуристичката аутдор заедница.

Ве молиме контактирајте не' на race@ohridultratrail.com ПРЕД да се регистрирате во системот најдоцна до
20.04.2023.
ОТКАЖУВАЊЕ И ПОВРАТ
Доколку некој натпреварувач сака да го откаже учеството на „Охрид Ултра-Треил®“ и сака да добие повраток на средствата од стартнината мора за тоа да го извести организаторот по исклучиво по e-mail на race@ohridultratrail.com:
- откажување до 20.04.2023: 80% поврат.
- откажување до 10.05.2023: 50% поврат.
* Рефундирање по 11.05.2022 година не е можно, без оглед на причината поради која тркачот не може да учествува на натпреварот. Во овој случај, тркачот исто така се откажува од стартниот пакет и сите други придобивки од настанот.
* Промена на растојанието на трката - ако сте регистрирани и сте ја платиле стартнината, а потоа одлучите да ја промените трката (дистанцата), мора да испратите барање по е-пошта на race@ohridultratrail.com до 10.05.2023 година најдоцна.
* Предавање на биб број на друг тркач - ако сте спречени да учествувате, имате можност да го пренесете вашето учество, доколку знаете лице кое сака да го преземе вашето место, испратете ни барање преку е-пошта на race@ohridultratrail.com до најдоцна 10.05.2023 г.
* Ве молиме имајте предвид дека стартниот биб број е личен. Одговорноста на учесникот е да внесе точни лични податоци. Неовластената употреба на биб број може да доведе до дисквалификација.
* Во случај на откажување на настанот поради КОВИД, организаторот ќе ги пренесе сите регистрации за 2024.
СТАРТЕН ПАКЕТ
* стартен биб број и маркации по маршрутата
* вода, храна и пијалок, спасители и медицинска помош во текот на трката
* брендиран подарок од трката
* финишерски медал
* оброк после трка
* влезница во Н.П. Галичица
* превоз до старт (сите трки освен 100K)
* бесплатни фотографии
* Доживотни права за фалби ;)
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
Задолжителната опрема е наменета за ваша безбедност - не ја потценувајте моќта на природата! Во случај на лоши временски услови, организаторот на настанот има право да побара дополнителна задолжителна опрема, која ќе биде објавена еден ден пред почетокот на трката.
Не заборавајте да ја понесете од дома следната опрема:
* Мобилен телефон со овозможен роаминг - запомнете ги следните броеви:
   ** Телефон за организација на трката +389 71 246 423 (во случај на откажување и губење)
   ** СОС телефон на Тимот за спасување во планина +389 13-112 (во случај на итна медицинска помош и спасување)
* БИБ-бројот мора да биде поставен на предниот дел од телото, на вашата маица или шорцеви или на ремен. Не ставајте го бројот на вашиот ранец/елек - големи се шансите тој да не биде валидиран од електронскиот тајминг систем!
* Трчање со стартен биб број на друг тркач - дисквалификација веднаш.
* Астро-фолија (медицинско ќебе) - спасува живот во случај на хипотермија и студено време!!!
* Треба да понесете своја чашка за пиење (минимум 15 cL). Нема да има пластични чаши на освежителните станици, така што секој тркач мора да обезбеди своја дури и на целта.
* Мора да носите дополнителни батерии или дополнителна главна челна ламба (само за 100K и 60K трки).
* Водоотпорната јакна (10.000 mm+) мора да има качулка и шевовите со лента да се залепени.
* Основниот прибор за прва помош се состои од најмалку една газа, еластичен завој, игла за плускавци и пакетче ханзапласт.
* Долги панталони или хеланки, кои целосно ја покриваат вашата кожа (поради лоши временски услови) може да бидат вклучени во задолжителната опрема.
* Дополнителен топол среден слој, кој целосно ги покрива вашите раце (поради лошо време) може да биде вклучен во задолжителната опрема.
ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ
За време на сите трки од Охрид Ултра-Треил®, дозволено е натпреварувачите да имаат лични асистенти како нивна
поддршка и тоа само исклучиво во рамките на Освежителните станици (ОС). Асистентите можат да бидат присутни на
освежителните станици на место и време според упатствата и наредбите на волонтерите. Земете ја в предвид следната табела при планирање на вашето патување:
ПЕНАЛИ и ДИСКВАЛИФИКАЦИИ
* Секој натпреварувач мора да биде снимен (впишан во систем) на сите контролни точки. Казната за промашување на контролен пункт е или дисквалификација или временска казна или одлука по дискреција на директорот на трката. Користењето кратенки, непочитувањето на означената патека, доаѓањето до контролна точка или станица од погрешна насока резултира со најмалку временска казна за секоја неправилност.
* Секој тркач мора да има и мора да ја покаже задолжителната опрема кога тоа ќе биде побарано. Казната за некомплетна задолжителна опрема е 30 минути за секој предмет што недостасува. Доколку одбиеш да ја покажеш опремата, автоматски си дисквалификуван/а.
* Трчање со стартен биб број од друг натпреварувач - дисквалификација.
* Фрлањена ѓубре на патеката или до неа, вознемирување на дивиот свет – дисквалификација.
* Користење на превоз за време на трката – дисквалификација.
* Навреда на организаторот или волонтерите – дисквалификација.
* Одбивање да се помогне на учесник во неволја – дисквалификација.
* Продолжување со трката по истекот на временскиот лимит на контролна точка – дисквалификација.
* Дисквалификацијата или казната може да биде веднаш применета за време на трката или по откривање на неправилноста (дури и денови по завршување на трката).
ФОТО и ВИДЕО
Со пријавувањето, натпреварувачите го овластуваат организаторот без надомест и за свои потреби и цели да ги користи
фотографиите и видео инсертите на кои се прикажани истите, без територијални и временски ограничувања.
Во молиме проверете ги правилата и прописи за целосни информации.

Supported by

Sponsors

Partners

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
+389 71 246 423
magic-wandenvelopephone-handsetchart-barsquestion-circle linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram