Изминатите 6 интересни тркачки години на патеките на Охрид Ултра-Треил и Галичица се поставија некои феноменални резултати. Од Kнигата на Рекордите ќе ги издвоиме најдобрите и се надевамне дека тоа ќе те мотивира и поттикне за твој подобар перформанс на овогодинешното 7мо издание.
И како подобро да го започнеме овој серијал на објави ако не со нашата Елена Ртоска? (Каранфилоска по ново).
Елена го држи женскиот рекорд на патеката Галичица Ултра 65К поставен минатата 2024 година со ИТРА индекс од 711 со оган време од 8:07:41. А фактот што заврши на 4та позиција во Генерален Пласман и тоа со само 16 минути заостанување од првопласираниот Стелиос Петрусос ни дава до знаење дека може да очекуваме уште подобар резултат оваа година на Изборното Првенство во СкајУлтра дисциплината .
Можеш ли да ја стигнеш Елена? Пријави се на предизвикот и искуси ја убавата но и острата страна на Галичица!