Ви треба мотивација за планинско трчање? Прочитајте ја приказната на Виктор и гледајте ја онлајн премиерата на филмот Lighthouse 2 Lighthouse кој го прикажува Виктор Олов Леониду како го минува цел Кипар за 3 дена, од Кејп Греко до Акамас. Трчање од 300 километри со над 8500 m висинска низ магичната природа на Кипар. Филмот го документира 3-дневниот предизвик и прикажува како тој и екипата за поддршка го доживуваат ова патување.
Филмот е закажан на 26 декември во 16 часот по наше време - ЛИНК -
Инспирирај се и придружи му се на Виктор на стартната линија на Охрид Ултра-Треил следното издание во мај 2024 година.
Јас се викам Виктор Олов Леониду, роден и израснат во Никозија, Кипар, од мајка Швеѓанка и татко Кипарец. Растејќи играв фудбал неколку години и тренирав Мај Тај. Јас сум повеќе или помалку интроверт кој навистина ужива да биде во природа, да истражува нови места и да бара нови авантури.
Почнав да трчам во 2018 година откако се пријавив за мојата прва трка во планинско трчање долга 21 км на полуостровот Акамас на Кипар, уникатна област со неспоредлива убавина и природа која со децении е под притисок. Одговорот на „зошто трчам?“ е нешто што постојано се менува низ годините. Започна како потрага за нешто ново и се претвори во патување на самооткривање, поврзување со природата, истражување на нови места и тоа е нешто што ме држи мотивиран низ животот.
Чувствувам дека тоа е нешто уникатно. Да се биде на планините со часови, изложен и ранлив, да се движи напред и покрај тешкотиите, без помош од машини… Тоа е чисто чувство на слобода.
Има различни незаборавни моменти со трчање за кои сум благодарен што ги доживеав. Еден од најновите е од проектот „Lighthouse 2 Lighthouse“. Ја споделив информацијата на социјалните мрежи дека ќе се обидам да трчам од Кејп Греко до Акамас за 3 дена. Очекував осамено патување, но сепак, огромниот одговор од тркачката заедницата на патеката беше над секое очекување. Група поединци ми се придружија на патеките, некои на контролните точки, други трчаа, а неколку возеа велосипед. Беше магично како заедницата ја прифати авантурата. Тоа не само што ми го подигна духот и ме одржуваше, туку и го подобри целокупното искуство! Ултра трчањето на планина често се гледа како самостоен потфат, во овој случај сепак се претвори во групен напор.
Се трудам да бидам психички подготвен за најлошите работи што можат да се случат. Во исто време, се потсетувам на привилегијата што ја имам, да можам да одберам што сакам да правам.
Добар одмор/спиење. Јадете подобро - се хранам исклучиво со растителна храна и чувствувам дека тоа му помага на моето тело побрзо да закрепне.… И колку и да не ми се допаѓа да го правам тоа сепак правам и тренинзи за сила.
Слушајте го вашето тело - уживајте во процесот и почитувајте ја природата.