Зелени патеки на иднината

Одржана прва средба на проектот GTOF кој има за цел да привлече тинејџери во спортски активности во природа.
Изминатиот викенд на 18 и 19 февруари 2023 година во Скопје се одржа иницијалниот состанок на работната група на проектот - Green Trails of Future - Зелени Патеки на Иднината - чија главна цел ќе биде привлекување и вклучување на адолесценти во спортовите во природа - главно во планинското трчање.
Анализите на локално ниво на Балканот покажуваат дека интересот на тинејџерите кон спортовите во природа, трчање на рекреативно ниво, а особено за трчањето на планина е незначителен, а партнерите од Србија, Словенија и Македонија преку нивните предвидени активности и веќе воспоставени и етаблирани спортски настани кои ги организираат, во следниот период од 2 години ќе работат на привлекување на оваа група на млади кон трчањето, природата и екологијата.
Работната група е составена од партнерите ПК Тара од Бајина Башта, Србија кои ја организираат треил трката Tara Ultra Trail (носители на проектот), Планинарскиот Сојуз на Србија Planinarski savez Srbije, ХГ Идрија од Идрија, Словенија со трката Hg TRAIL Idrija, како и македонското здружение за планинско трчање TREX - Trail Running Extreme од Скопје (www.trex.mk) кое преку континуираните активности на полето на планинското трчање и рекреативниот спорт од 2011 до сега привлекува голем број на учесници преку четирите трки во нивното портфолиот: Vodno-Matka Trail Marathon, Ohrid Ultra-Trail, Krali Marko Trails и Strumina Trail.
Проектот е дел од програмата на Erasmus+ Sport 2022 и е кофинансиран од Европската Унија.
Фотографии: Кристијан Арсовски

Premium Sponsor

Official Sponsor

Partners

Collaborators

Organizer

JOIN US ON STRAVA

Ohrid Ultra-Trail® 

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
- 0038970997348
envelopephone-handsetchevron-down-circle
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram