Алин Цирдеи

#Runnersstories #TrailRunningMotivation

Ви треба мотивација да продолжите да трчате во планина? Прочитајте ја приказната за Алин и бидете инспирирани за да му се придружите на стартната линија на Охрид Ултра-Треил 2023!

ОУТ: Те молиме престави се пред нашите следачи.
АЦ: Јас сум Алин, имам 29 години, треил тркач, тренер за трчање и спортски нутриционист од Романија.

ОУТ: Колку долго трчаш? (зошто трчаш)
АЦ: Почнав да тренирам планинско трчање во 2014 година. Трчам затоа што се чувствувам слободно, ја сакам природата и планините и секогаш откривам нови места. Јас сум исто така многу конкурентен тркач и сакам да бидам подобар и подобар секоја година. Мојот сон е да станам еден од најдобрите трчачи во Европа.

ОУТ: Во што најмногу уживаш во планинското трчање?
АЦ: Мислам дека во слободата. На планините се чувствувам незапирливо, чувствувам дека никој или ништо не може да ме спречи.

ОУТ: Дали имаш незаборавно искуство/приказна за планинското трчање да ја споделиш со нас? (или раскажи ни за твоето најголемо достигнување)
АЦ: Мислам дека најнезаборавното искуство беше победата на мојот прв ултрамаратон пред 5 години. Навистина не го очекував тоа, едноставно сакав да уживам во трката и да ја завршам без сериозни повреди. Тоа беше денот на кој најчесто се сеќавам кога мислам на моето минато.

ОУТ: Како остануваш мотивиран кога работите стануваат тешки?
АЦ: Се обидувам да бидам концентриран на работите што можам да ги направам во тој момент, а не на работите што не можам да ги направам.

ОУТ: Кои се твоите најдобри три „мали нешта“ што ги правиш за да спречиш повреда?
АЦ: Периодизација на обемот и интензитетот на тренингот, слушање на моето тело и добар сон.

ОУТ: Кога би можел да им дадеш само еден совет на помалку искусните тркачи, кој би бил тој?
АЦ: Верувајте во процесот! Нема да бидете побрзи и посилни од ден на ден. Природно е да имате тешки денови, а тие денови не ве прават послаби, туку ќе ве направат посилни. Бидете доследни и имајте трпение!

Алин имаше неверојатна приказна за споделување и дефинитивно многу корисни совети. Доколку сакате да видите и слушнете повеќе од него, слободно проверете го неговиот ITRA profile  , заследете го на Facebook и Instagram. На крај посетете ја неговата вебстраница за повеќе детали околу неговите следни трки и услуги како тренер. 

Premium Sponsor

Official Sponsor

Partners

Collaborators

Organizer

JOIN US ON STRAVA

Ohrid Ultra-Trail® 

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
- 0038970997348
envelopephone-handsetchevron-down-circle
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram