Одржана прва средба на проектот GTOF кој има за цел да привлече тинејџери во спортски активности во природа.
Изминатиот викенд на 18 и 19 февруари 2023 година во Скопје се одржа иницијалниот состанок на работната група на проектот - Green Trails of Future - Зелени Патеки на Иднината - чија главна цел ќе биде привлекување и вклучување на адолесценти во спортовите во природа - главно во планинското трчање.
Анализите на локално ниво на Балканот покажуваат дека интересот на тинејџерите кон спортовите во природа, трчање на рекреативно ниво, а особено за трчањето на планина е незначителен, а партнерите од Србија, Словенија и Македонија преку нивните предвидени активности и веќе воспоставени и етаблирани спортски настани кои ги организираат, во следниот период од 2 години ќе работат на привлекување на оваа група на млади кон трчањето, природата и екологијата.
Проектот е дел од програмата на Erasmus+ Sport 2022 и е кофинансиран од Европската Унија.
Фотографии: Кристијан Арсовски