GTOF Леко Треил 10K - Јуниори

9Km / 250D+

ПРИЈАВИТЕ ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ НАСКОРО
На Охрид Ултра-Треил 2024 јубилејно ќе се одржи првото издание на трката GTOF Леко Треил 10K на чие учество ќе може да земат млади од 13 до 18 години.

9K ВОВЕД

Повеќе за Green Trails of Future - Зелени Патеки на Иднината

Проектот „ЗЕЛЕНИ ПАТЕКИ НА ИДНИНАТА“ има за цел да поттикне учество на адолесценти во аутдор спортови и да направи еколошка едукација со фокус на планинско (треил) трчање.

Еден од главните проблеми на денешницата е отсуството на адолесцентите и децата во целост од голем број форми на спорт, особено спортовите во природа, а со тоа и отсуството и недостатокот од контакт со природата. Последиците од ова се рефлектираат како нездрав начин на живот, несоодветно однесување према природата и еколошките проблеми.

Целта на овој проект е да вклучи што повеќе адолесценти во аутдор спортовите преку планинското (треил) трчање и да ги едуцира за заштита на природата и екологијата. Планинското трчање се практикува во природа и во најголем број од случаите трките се лоцирани во заштитени подрачја што подразбира дека овие локации се соодветни за еколошки едукации.

Дознајте повеќе на сајтот gtof.net
Читај и превземи акција преку насоките во овие две брошури: (ставени со копче и вметнати)

старт: 25.05.2024, 10:30 Велгошти
должина: 9 km
искачување: 250 m D+
спуштање: 250 m D-
временски лимит: нема
освежителни станици: 1
макс.број на учесници: 100

********
ЦЕНИ
Учество: бесплатно

ТЕХНИЧКИ ДЕТАЛИ

ЧПП

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ

1. Секој учесник се натпреварува на своја одговорност.
2. Со плаќање на котизацијата, учесниците ги прифаќаат условите и се согласуваат да учествуваат на сопствен ризик.
3. Тркачите мора да бидат во добра физичка форма.
4. Трката ќе се одржи во сите временски услови, освен ако не е загрозена безбедноста на тркачите (екстремно невреме како во изданието од 2022 година). Во таков случај, организацискиот тим ќе одлучи за алтернативна патека, алтернативни делови од патеката или целосно откажување на трката.
5. Поради тешкотијата на трката, тркачите помлади од 18 години не можат да учествуваат на растојанијата од 40, 60 и 100 километри.
6. Патеката ќе биде добро маркирана (исклучиво црвени знамиња во природа, лента за обележување во урбаните средини, патокази на раскрсници...). Волонтерите на трката ќе бидат присутни на клучните точки со цел да ги насочат тркачите.
7. Организаторот не прифаќа одговорност за каква било штета или повреда направена од натпреварувачите врз себе, на други натпреварувачи или на трети лица.
8. Доколку недостасува маркација на некои делови на патеката, тркачите треба да го пријават тоа на најблиската контролна точка.
9. Сите тркачи мора да ја носат со себе и/или на себе задолжителната опрема.
10. Сите тркачи мора да ја следат маркираната патека. Секое користење на кратенки и излегување од означената патека ќе биде соодветно казнето. Во случај да не видите маркација на маршрутата повеќе од 200 метри, вратете се на последното обележување и повторно проверете пред да продолжите. Консултирајте се со вашите GPS часовници и телефони.
11. Организаторот го задржува правото за промена на рутите.
12. Со пријавувањето дозволувате обработка на вашите податоци во базите на податоци на TREX и Ohrid Ultra-Trail.
* Кликнете тука да ги прочитатe ПРАВИЛАТА И ПРОПИСИТЕ во целост

СТАРТНИНА И ПОПУСТИ

РАНА ПРИЈАВА ПОПУСТ (11.11.2023 - 31.12.2023)
- Охрид Ултра-Треил® 100K - 4250 ден.
- Галичица Ултра 60K - 3200 ден.
- Самотска Треил Маратон 40K - 1850 ден.
- Летница Треил 20K - 1200 ден.

РЕДОВНИ ЦЕНИ (01.01.2024 - 15.05.2024)
- Охрид Ултра-Треил® 100K - 5000 ден.
- Галичица Ултра 60K - 3800 ден.
- Самотска Треил Маратон 40K - 2300 ден.
- Летница Треил 20K - 1500 ден.

ПОПУСТИ:
Групно пријавување / клупски попуст - минимален број на учесници 10 / -10%.
БЕСПЛАТНО – Подиуми од сите ОУТ трки-дистанци во генерален пласман од 2022.
БЕСПЛАТНО – Натпреварувачи со ITRA Performance Index поголем од 730 (мажи) и 575 (жени) или Национални атлетски шампиони или Олимпијци.
БЕСПЛАТНО – Туристички промотори и/или влијателни членови (инфлуенсери) на атлетската или авантуристичката аутдор заедница.

Ве молиме контактирајте не' на race@ohridultratrail.com ПРЕД да се регистрирате во системот најдоцна до 30.04.2023.

ОТКАЖУВАЊЕ И ПОВРАТ

Доколку натпреварувач сака да го откаже учеството на „Охрид Ултра-Треил®“ и сака да добие повраток на средствата од стартнината мора за тоа да го извести организаторот по исклучиво по e-mail на race@ohridultratrail.com
Износ на повраток на стартнината заради откажување:
   - откажување до 31.03.2024: 80% поврат.
   - откажување до 30.04.2024: 50% поврат.
Повратокот на средствата ќе биде исплатен до 30.06.2024 и подлежи на стандардни банкарски трошоци за трансакцијата.

Префрлување од една на друга трка

1. Префрлување од една на друга трка е дозволено најдоцна до 30.04.2024. Натпреварувачот кој сака да се префрли треба да испрати email на race@ohridultratrail.com со лични податоци, на која трка е пријавен и на која трка се префрла.
2. Префрлување на стартен број на друг натпреварувач Е ДОЗВОЛЕНО најдоцна до 30.04.2024. Пријавениот натпреварувач мора да испрати барање до организаторот по email на race@ohridultratrail.com најдоцна до 30.04.2024, со следниве податоци:
      - Име и презиме, дата на раѓање, стартен број на натпреварувачот кој се откажува од учество.
      - Име и презиме, дата на раѓање на натпреварувачот кој го заменува.
      - Барањето мора да дојде од email-от на натпреварувачот кој е веќе пријавен и му е доделен стартен број.
      - Натпреварувачот кој ќе го замени мора да се пријави во онлајн системот за пријавување на Охрид Ултра-Треил® но без да изврши уплата; организаторот ќе му го додели истиот стартен број.
3. Префрлување на стартнина за следно издание НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.
4. Учество на друга трка наместо на онаа за која натпреварувачот е пријавен и платил НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.
5. Размена на стартен број со друг или учество на трка со туѓ стартен број НЕ Е ДОЗВОЛЕНО.

СТАРТЕН ПАКЕТ

- стартен биб број и маркации по маршрутата
- вода, храна и пијалок, спасители и медицинска помош во текот на трката
- брендиран подарок од трката
- финишерски медал
- оброк после трка
- влезница во Н.П. Галичица
- превоз до старт (сите трки освен 100K)
- бесплатни фотографии

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА И БЕЗБЕДНОСТ

Задолжителната опрема е наменета за ваша безбедност - не ја потценувајте моќта на природата! Во случај на лоши временски услови, организаторот на настанот има право да побара дополнителна задолжителна опрема, која ќе биде објавена еден ден пред
почетокот на трката. Најдете ја целосната листа на задолжителна опрема во документот Правила и Прописи на трката - ОВДЕ.
Не заборавајте да ја понесете од дома следната опрема:
   1. Мобилен телефон со овозможен роаминг - запомнете ги следните броеви:
          - Телефон за организација на трката +389 70 997 348 (во случај на откажување и губење)
          - СОС телефон на Тимот за спасување во планина +389 13-112 (во случај на итна медицинска помош и спасување)
   2. БИБ-бројот мора да биде поставен на предниот дел од телото, на вашата маица или шорцеви или на ремен. Не ставајте го бројот на вашиот ранец/елек - големи се шансите тој да не биде валидиран од електронскиот тајминг систем!
   3. Трчање со стартен биб број на друг тркач - дисквалификација веднаш.
   4. Астро-фолија (медицинско ќебе) - спасува живот во случај на хипотермија и студено време!!!
   5. Треба да понесете своја чашка за пиење (минимум 15 cL). Нема да има пластични чаши на освежителните станици, така што секој тркач мора да обезбеди своја дури и на целта.
   6. Мора да носите дополнителни батерии или дополнителна главна челна ламба (само за 100K и 60K трки).
   7. Водоотпорната јакна (10.000 mm+) мора да има качулка и шевовите со лента да се залепени.
   8. Основниот прибор за прва помош се состои од најмалку една газа, еластичен завој, игла за плускавци и пакетче ханзапласт.
   9. Долги панталони или хеланки, кои целосно ја покриваат вашата кожа (поради лоши временски услови) може да бидат вклучени во задолжителната опрема.
  10. Дополнителен топол среден слој, кој целосно ги покрива вашите раце (поради лошо време) може да биде вклучен во задолжителната опрема.

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ НА ОСВЕЖИТЕЛНИТЕ СТАНИЦИ

Ќе има доволно храна и пијалоци на Освежителните станици (Aid Stations) кои се наведени во табелите (Timecharts), но најдобро е со себе да си имате резерва гелови, барчиња и течности бидејќи времето помеѓу Освежителните станици може да варира од 1,5 до 3 часа (па и повеќе) за различни тркачи.

Овошје, зеленчук, кашкавал, чипс, салами, Кола, јатки, барчиња и чоколадо е стандардна храна која ќе може да ја најдете на нашите Освежителни станици, а на некои од нив ќе може да се ужива во топла супа, тестенини, традиционалното Ѓомлезе и пиво. Ќе има опции за сештојади, вегетаријанци и вегани.

ЛИЧНИ АСИСТЕНТИ

За време на сите трки од Охрид Ултра-Треил®, дозволено е натпреварувачите да имаат лични асистенти како нивна поддршка и тоа само исклучиво во рамките на Освежителните станици. Асистентите можат да бидат присутни на освежителните станици на место и време според упатствата и наредбите на волонтерите. Можете да ги најдете Освежителните станици на кои е дозволена лична помош - означени како PA - Personal Assistance на Официјалните Timechart-и на трката.

ФОТО и ВИДЕО

Со пријавувањето, натпреварувачите го овластуваат организаторот без надомест и за свои потреби и цели да ги користи фотографиите и видео инсертите на кои се прикажани истите, без територијални и временски ограничувања.
Во молиме проверете ги правилата и прописи за целосни информации.

Premium Sponsor

Official Sponsor

Partners

Collaborators

Organizer

JOIN US ON STRAVA

Ohrid Ultra-Trail® 

RACE@OHRIDULTRATRAIL.COM
- 0038970997348
magic-wandenvelopephone-handsetchart-barsquestion-circlechevron-down-circle
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram