За да се разбере животниот циклус на јагулата мораме да почнеме од почетокот на крајот. Возрасните женски единки на видот Европска јагула (Anguilla anguilla) живеат и до дваесет години во водите на Охридското Езеро додека не достигнат полна зрелост. Тогаш тие се упатуваат на нивното животно патешествие по течението на реката Дрим. Пред нивната миграција […]